Македонија
26. August 2017 - 15:28

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ трошеше расипнички, ние ги враќаме парите на граѓаните

Постои суштинската разлика, ВМРО-ДПМНЕ трошеше расипнички и криминално, СДСМ ги враќа парите кај граѓаните, реагира СДСМ на денешната прес-конференција на Лука Кржалоски од ВМРО-ДПМНЕ. 

- Владата предводена од СДСМ ја закрепнува државата и ја заштити од банкротот што и се закануваше како резултат на криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението од СДСМ.

Граѓаните, како што наведуваат од таму, секојдневно ја гледаат и ја чувствуваат суштинската разлика. 

- Потврда за тоа се и скратените непродуктивни трошоци со ребалансот на Буџетот со кој скратени се 500 милиони денари за реклами, скратени се 800 милиони денари за Скопје 2014, скратени се 380 милиони денари за патни трошоци, репрезентации, нема повеќе скапи ручеци и расфрлање со парите на граѓаните, се наведува во соопштението од СДСМ. Овие средства, како што посочуваат, се насочени за животните потреби на граѓаните.