Македонија
1. August 2017 - 10:59

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со праксата на создавање тензии

Со повикот до своето членство да не присуствува на одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со старата пракса на создавање поделби и тензии меѓу граѓаните, реагира денеска СДСМ преку соопштение.

- Оние кои лажно повикуваа на четврти Илинден, решија да го бојкотираат чествувањето токму на Илинден и на 2 Август, со што го погазуваат вековниот стремеж за слободна и независна Македонија. Одбележувањето на 2 Август е заедничка вредност на сите граѓани на Република Македонија без разлика на нивната партиска, етничка или религиска припадност, се наведува во соопштението.

Од СДСМ сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ треба вистински да се реформира, да се надмине себеси, деструктивниот начин на однесување и конечно, како што истакнуваат, да стави крај на политиките што создаваат поделби меѓу граѓаните.  

- ВМРО-ДПМНЕ ниту смее, ниту може, да им сугерира на граѓаните дали и како да го чествуваат празникот што е длабоко врежан во историјата на нашата заедничка Република Македонија, се наведува во соопштението од ССМ.