Македонија
12. September 2017 - 18:06

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги лаже пензионерите, неправдата е отстранета пензиите растат согласно трошоците за живот

Ниту едно лажно обвинување, ниту една празна прес конференција не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ го укина законското право на усогласување на пензиите со растот на трошоците за живот.

На тој начин, владата на ВМРО-ДПМНЕ ги оштети пензионерите.

Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ е видливо и јасно. Криминалното владеење на Никола Груевски создаде милионска дупката од долгови во ПИОМ. Покрај ускратувањето на законската можност од зголемување на пензиите согласно трошоците за живот, Владата на ВМРО-ДПМНЕ не предвидела средства во буџетот за покачување на пензиите.

За разлика од таквиот лажен, лицемерен пристап на ВМРО-ДПМНЕ,Владата предводена од СДСМ ја исправи неправдата кон пензионерите. Целосно се спроведува законското усогласување на пензиите согласно растот на трошоците на живот и покачувањето на платите и по тој основ пензионерите ќе добијат дополнителни 2.160 денари за цела 2017 година, за просечна пензија.

Владата на СДСМ ги рационализираше трошоците, обезбеди средства за зголемување на пензиите и редовно ги сервисира долговите што ВМРО-ДПМНЕ ги остави врз грбот на граѓаните, со што се овозможува навремена исплата на пензиите коишто растат.