Македонија
7. April 2019 - 18:59

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ може да зборува за правда само кога ќе се оградат од криминалите на нивниот почесен претседател

Крајно лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за правда и праведност. За да имаат кредибилитет да зборуваат за правда, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски прво треба да се оградат од криминалите на нивниот почесен претседател, осудениот криминалец во бегство Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да измислува случаи и да шири лажни вести преку кои бара алиби за изборниот пораз и очајнички да се обидуваат да добијат ситен дневнополитички поен.

Изборните неправилности и поткупи беа симбол на владеењто на ВМРО-ДПМНЕ и тоа заврши со нивното заминување во опозиција.

Сите исплати за кои лажно обвинува ВМРО-ДПМНЕ се согласно законите, однапред испланирани, и според годишните програми.

Ја охрабруваме ДКСК да продолжи со истражувања на сите процеси на вработувања во јавната и државна администрација на роднини на функционери на СДСМ но и на ВМРО-ДПМНЕ.