СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја укина евтината тарифа на струјата и остави пустош во енергетскиот сектор
За време на 11 годишното расипничко владеење, ВМРО-ДПМНЕ го опустоши енергетскиот сектор.
Додека Христијан Мицкоски како советник за енергетика на Никола Груевски спроведуваше погубни политики, државата беше зависна од скап увоз на струја, а на граѓаните им беше укината дневната евтина тарифа на електричната енергија.
Заради таквиот расипнички однос, енергетскиот систем често се соочуваше со испади, по што цели населени места со денови беа без електрична енергија.
За разлика од нив, Владата предводена од СДСМ ја врати евтината дневна тарифа на струјата која обезбедува заштеди во семејните буџети.
Додека ВМРО-ДПМНЕ и како власт и како опозиција работи на штета на граѓаните и државата, Владата предводена од СДСМ државата инвестира во енергетиката и обновливите извори на енергија и води одговорни енергетски политики кои се признаени од Европската енергетска заедница и кои во разлноста даваат видливи резултати во развојот и унапредувањето на енергетскиот сектор.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари