СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ измислува лажни анкети кои немаат врска со реалноста
Во очај и безидејност раководството на ВМРО-ДПМНЕ измислува лажни анкети кои немаат врска со реалноста.
Колку е нереална односно измислена ова анакета од фантомскиот институт СИА ВИСТА доволно говори првото прашање. Се правела „анкета“ за избори кои ќе се одржат на 15 јули!?
Изборите веќе се одржаа и на тие избори Мицкоски доживеа уште еден пораз, уште една казна од граѓаните.
Денешната наводна анкета е само очаен обид на раководството во белиот дворец да му го чуваат стравот на губитникот Христијан Мицкоски кој после шест изборни порази не знае дали ќе ја зачува фотелјата во белиот дворец.
Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да се служи со вакви лажни анкети. Јавноста памети дека слични таканаречени институти и претходно пласирале лажни анкети во полза на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
Но, ова можеби е првпат некој институт да прати корекција на сопствена анкета во рок од само 2 часа.
Сите релевантни анекти покажуваат дека мнозинството граѓани е определно за напредок, за развој и интеграција со СДСМ.
Сите релевантни анекти покажуваат дека јавноста нема доверба во Мицкоски, затоа што знае дека тој не може да понуди ништо освен блокади и деструкции.
Мицкоски може да си нарачува и пласира лажни анкети за сопствени потреби колку сака, реалноста говори дека тој со ваквото однесување уште долго останува во опозиција.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност