СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ им должи извинување на граѓаните поради блокадата на Законот за Клинички центар
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ упорно го блокираат Законот со кој државата по цели 80 години ќе добие нов, современ Клинички центар.
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски наместо да застане на страната на граѓаните, на здравството, го саботира овој Закон и ја збунува јавноста со лаги и манипулативни конструкции преку парцијални документи и со тоа директно нанесува штета на здравствениот систем и граѓаните.
Предлог Законот предвидува изградба на нов, модерен и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје кој ќе обезбедува високо квалитетни здравствени услуги на населението во државата во следните неколку децении.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наместо да се водат од одговорноста на граѓаните, особено во овој вонреден период и да помогнат во изнаоѓање на решенија во интерес на граѓаните и унапредување на здравствениот систем, исполнуваат желби на Мицкоски упорно кочејќи го овој важен проект и покрај тоа што токму тие имаат отворена понуда да го водат целиот процес.
На јавноста и е јасно дека за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ спасот и личните интереси на Мицкоски им се поважни од здравјето на граѓаните и здравствениот систем и дека ВМРО-ДПМНЕ се противи на се што е добро за граѓаните и државата.
Со оглед на тоа што не планираат да се откажат од блокадите, логично е пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги искористат најавените средби со граѓаните и да им се извинат за блокадата на овој Закон, како и за другите 26 закони кои се во интерес на граѓаните и државата.
Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во континуитет се поразувани на избори и ќе продолжат да бидат казнувани затоа што работат против граѓаните и државата.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација