СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ блокираа носење антикризни мерки, а сега најавуваат блокади за еколошки инвестиции
ВМРО-ДПМНЕ, кои во сред пандемија со коронавирусот блокираа носење антикризни мерки среде корона, кои блокираа и се уште го блокираат Законот за изградба на нов клинички центар, сега најавуваат блокада на мерки за еколошки инвестиции.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се најголеми штетници по здравјето на граѓаните.
Како власт, ВМРО-ДПМНE поттикнуваше загадување на воздухот и животната средина, а сега како опозиција блокира законски решенија со кои ќе се обезбедат повеќе средства за инвестиции во обновливи, еколошки извори на енергија.
Заради таквите нивни погубни политики државата со години беше рекордер во загадување во Европа.
Еколошките такси се неизбежен дел од политиките за здрава и чиста животна средина. Од една страна, преку нив се поттикнува користењето на поеколошки енергенси во секојдневнието, а од друга страна, на овој начин се собираат средства за зелени инвестиции кои потоа имаат повеќекратен и долгорочен ефект за економијата.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се водат единствено од лични и бизнис интереси, секогаш на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата. Затоа одново ќе бидат поразени на избори.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право