Македонија
8. October 2015 - 16:29

СДСМ вложува се само дијаспората да не гласа

Мали но незначителни поместувања на позициите донеле вчерашните преговори околу изборниот законик. По два дена и две ноќи преговори, гласањето на дијаспората, пречистувањето на изборниот список и начинот на одлучување во ДИК остануваат главна пречка на патот до договорот за новата изборна регулатива.

Партиски извори брифираат дека СДСМ дефинитивно се откажува од активната регистрација на гласачите иако по последните избори партијата обвинуваше за изборни нерегуларности поврзани токму со избирачкиот список.
Поразениот претседателски кандидат Стево Пендаровски во интервју за Фокус на крајот на минатата година тврдеше дека на изборите му биле украдени неверојатни 150.000 гласа.
10 месеци подоцна, извори од преговорите потврдуваат дека СДСМ призна дека ваквите тврдења била само оправдување за изборниот пораз, а откажувањето од активната регистрација доаѓа како договор со ДУИ.
Имено, албанската партија остро се противела активно да се регистрираат гласачите, бидејќи голем дел од етничките Албанци воопшто не живеат во Македонија. СДСМ се согласил соДУИ околу ова прашање, а во замена, Заев побарал од Ахмети, ДУИ да ги поддржи во барањето дијаспората да остане без свои пратеници во Собранието, бидејќи во последните изборни циклуси, трите пратенички места македонските иселеници им ги доверуваа на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.
Во рамките на пазарот за дијаспората СДСМ се согласиле и при одлучувањето во ДИК да се користи бадентерово мнозинство, барање кое исто така го поставил Ахмети.

За експертите нема дилема дека СДСМ е подготвен на секаков пазар, само да и оневозможи на дијаспората да има свој глас во Македонија

Уште една од спорните точки бил и делот за известувањето на медиумите за време на изборите. СДСМ барале комплетен медиумски мрак. Опозицијата инсистирала да ги уредува информативните изданија во сите телевизии. Се барало да се мери квалитетот на известувањето на новинарите на што остро реагирал меѓународниот фактор предупредувајќи ја опозицијата дека нема право да се меша во уредувачката политика.
Партиите се согласиле дека медиумите нема да може да бидат донатори во изборната кампања, а државата ќе запре со своите огласи.
Речи си договорено е дека останува стариот изборен модел, а на чекор до договор е и новиот формат на составот во ДИК.
За денеска не е закажана нова рунда преговори. Се очекува партиите на заедничка маса, повторно да седнат утре. Рокот за постигнување на договор истече пред два дена.