Македонија
4. August 2018 - 10:27

СДСМ: Влез во ЕУ и НАТО со загарантиран македонски идентитет

Се остварува дадениот збор дека Владата предводена од СДСМ ќе ја врати Македонија на патот на кој вистински припаѓа, на патот кон ЕУ и НАТО.

Вратите на ЕУ и НАТО се отворени, патот е чист  и нема враќање од него. Обезбедена е покана за членство во НАТО и почеток на преговори за членство во ЕУ. 

Македонија се гради како модерна, демократска и европска држава идна полноправна членка на ЕУ и НАТО.

Членството во НАТО значи загарантирана стабилност и безбедност. Но значи и можност за многу повеќе инвестиции. Тоа значи повеќе пари во економијата, новиподоброплатени места и повисок животен стандард за сите граѓани.

Членството на Македонија во ЕУ пак, гарантира силни институции, правна држава, зголемена мобилност и еднакви шанси за сите.

Членството во ЕУ е пристап до пазар од 500 милиони жители, пристап до европско образование, европско здравство за сите граѓани на Република Македонија.

Она што е најважно, со влезот на Македонија во ЕУ И НАТО македонскиот идентитет е загарантиран. Македонски народ, македонски јазик, Македонец, Македонка се заштитетени и зајакнати еднаш засекогаш и никој никогаш нема да може да ги оспорува или негира.

Заради иднината на нашата држава и заради иднината на следните генерации граѓаните ќе ја искористат историската шанса и силно и слободно да кажат – Да за Европска Македонија!

Граѓаните ќе кажат историско ДА за влез во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција. 

СДСМ