Македонија
23. January 2021 - 8:57

СДСМ: Субвенции за сончеви колектори, за ПВЦ или алуминиумски прозорци, за печки на пелети

Силна, бескомпромисна борба за заштита на животната средина и засилен ангажман во акцијата за чиста и здрава животна средна, е еден од приоритетите на СДСМ, преточена во стратешката рамка на Владата „Акција 21“.

Во рамките на заложбите за заштита на животната средина и обезбедување на чист воздух за сите, и годинава продолжуваат субвенциите за набавка на еколошки и енергетско ефикасни системи за загревање.

Субвенции ќе се доделуваат за купување и вградување на сончеви термални колекторски системи, за ПВЦ или алуминиумски прозорци, како и за печки на пелети во домаќинствата.

За надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30%, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство за 2021 година, се предвидени средства во вкупен износ од 6.000.000 денари.

За лицата со ниски приходи ќе се надоместува дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи до 70%, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство за 2021 година, за што се предвидени 2.000.000 денари.

Ќе се надоместуваат дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 19.000.000 денари;

До 70%, односно до 25.000 денари по домаќинство ќе се надомести дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата со ниски примања, во вкупен износ од 3.000.000 денари.

Субвенцијата во 2021 година за купување и вградување на печки на пелети во домаќинствата изнесува до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство, а за лицата со ниски примања до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство.

СДСМ како одговорна партија остануваме силно посветени на заштита на животната средина но и на намалување на трошоците на домаќинствата и истовремено зголемување на енергетската ефикасност.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ