Бизнис
30. July 2019 - 19:33

СДСМ: Создаваме силна економија, ВМРО-ДПМНЕ: Поразителни економски резултати

Создаваме силна економија што е шанса за сите, тврди власта, Опозицијата пак смета дека СДСМ залудно се мачи да ги убеди граѓаните дека макеоднската економија блеска.

Власа се повикува на последниот извештај на СТО според кој земјава бележи напредок во повеќе економски области што е резултат на успешните реформи. БДП од негативен, во привот квартал бележи раст од 4,1%, а компаниите се тие кои се носители на растот. Во изминатиот период отворнеи се близу 50.000 нови работни места. Трендот ќе продоли и во наредниот период кога ќе почне нови инвестициски циклус од 5 милијарди евра.

„Во изминатиот период, политиките на Владата го следеа и учествуваа во растот на економските параметри. Во 2018 година рекорден број на компании, над 250, домашни и странски, добија поддршка, а Владата по неколку основи кон стопанството уплати 40,7 милиони евра. Континуирано растат, платите. Просечната плата која во мај изнесува 25.270 денари, што е за 10,4 отсто поголема во споредба со истиот месец од 2017 година“, вели Хари Локвенец од СДСМ.

Опозицијата пак тврди  СДСМ откако дојде на власт економијата е на колена.

„Граѓаните ги чувствуваат лошите економски политики. Над 500.000 граѓани живеат во беда. Околу 18.500 граѓани си заминале од Македонија, од кои околу 8.000 не се вратиле. Даночните приходи во вториот квартал од 2019 година забележале пад од 3,4%. Фирмите уплатиле за 32% помалку данок на добивка во вториот квартал од 2019 година во однос на истиот квартал лани. Граѓаните добија покачена акциза за нафта, поскапо гориво и нула капитални инвестиции“, стои во рекаицијата на опозицијата.

За ВМРО ДПМНЕ овие бројки се доволни за распишување нови парламентарни избори.