СДСМ: Со ваквото темпо на ратификација, очекувано е до крајот на годината да станеме членка на НАТО
Врвните национални и државни интереси се остваруваат, Република Северна Македонија станува 30 земја членка на НАТО.
Вчера, Чешка и Турција го ратификуваа Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО Алијансата.
Досега 20 земји челнки од вкупно 29 го ратификуваа Протоколот и дадоа зелено светло за пристапување на нашата земја во најмоќниот безбедносен сојуз на светот.
Со ваквото темпо на ратификација очекувано е до крајот на годината и официјално да станеме членка на НАТО и нашето знаме да се вее пред седиштето во Брисел.
Ете од каде се фрустрациите кај Мицкоски, од успехот на Зоран Заев.
Додека фрустрираниот Христијан Мицкоски дејствува против државните интереси, премиерот Зоран Заев ги брани националните и државни интереси.
Додека ВМРО-ДПМНЕ ги кочи и процесите и напредокот, СДСМ дејсвува и се залага напредокот да продолжи.
Членството во НАТО е извесно и сигурно. Тоа е важно за безбедноста и стабилноста на државата, но и на регионот.
Но освен безбедност и стабилност, членството во НАТО носи и бројни економски придобивки.
Имаме рекордно ниво на странски директни инвестиции од 737 милиони долари, имаме зголемување за 200 проценти на грин филд инвестициите.
Со членството во НАТО очекувано е инвестициите да продолжат да растат.
Имаме рекордно ниска невработеност во државата од 17,8 проценти, со членството во НАТО невработеноста дополнитено се намалува, а економијата забрзано да расте и да се развива.
Зборот важи. По години изолација, ја вративме државата на вистнскиот пат, на патот кој води кон членство во НАТО и интеграција во ЕУ.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата