СДСМ: Со Мој ДДВ за три месеци кај граѓаните вратени осум милиони евра
СДСМ преку институциите што ги предводи реализира мерки кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните.
Само преку МојДДВ за првото тромесечје од оваа година кај граѓаните се вратени 491,5 милиони денари, или речиси 8 милиони евра.
Оваа успешна мерка веќе три години ги остварува своите цели и тоа унапредување на даночната дисциплина, сузбивање на сивата економија и враќање пари кај граѓаните, што е особено добредојдено во ова време на светска економска криза.
Во време на светска економска криза СДСМ презема низа мерки кои обезбедуваат повисоки плати и пензии и помали трошоци за граѓаните.
Минималната плата е зголемена на 18.000 денари, а од септември следува рекордно зголемување на пензиите согласно новата методологија.
Со 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра се намалуваат месечните трошоци на семејствата.
Ребалансот на буџетот ќе обезбеди дополнителни средства за ублажување на последиците од кризата за компаниите и за граѓаните.
СДСМ како одговорна партија продолжува со вистинска грижа за сите категории граѓани.
Центар за комуникации со јавноста-СДСМ
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид