Македонија
12. August 2015 - 16:44

СДСМ со црна кампања наместо со проекти за граѓаните

Наместо реални проекти и работа на терен, СДСМ во периодот до изборите ќе се ориентира на црна кампања. Експертите, па дури и оние кои важат за блиски до гарнитурата на Бихаќка и се редовни гости во медиумите контролирани од опозицијата и СОРОС со јасен став. СДСМ нема капацитет да го следи темпото на ВМРО-ДПМНЕ.

Експертите се согласни дека во недостаток на кадар кој ќе креира програма и проекти кои може да им се понудат а граѓаните, на СДСМ единствено што му преостанува е да се сврти кон црна кампања, враќање на стари и поминати теми и креирање на тензии и вештачки кризи.

Извори од Бихаќка за Сител потврдуваат дека во партијата уште одамна тлее незадоволство што најверојатно ќе резултира со трансфер на дел од членството во други партии, меѓу кои и оние кои ќе се формираат пред изборите. Според истите извори, членството е незадоволно од стратегијата на Заев и Шеќеринска за која велат дека е погубна за партијата и која во сите изборни циклуси носи единствено пораз. Тие му порачуват на опозицискиот лидер дека политиката се води на терен а не од канцеларија, а најдобар пример за тоа се серијата активности на премиерот кој секојдневно ја крстосува Македонија и остварува средби со граѓаните во секое населено место.
За експертите токму интензивната теренска работа и прецизно креираната програма се клучна причина што рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од двојно повисок од оној на СДСМ што го покажа и последната анкета на американскиот републикански институт.