СДСМ: Случајот „Титаник“ потврдува дека анкетите на Институтот на Божиновски се лажни
- Денешните разговори што се слушнаа во предметот „Титаник“ што се води против поранешното високо раководство на ВМРО-ДПМНЕ се уште една потврда за злоупотребите коишто 11 години ги правеше режимот.
Денеска јавноста уште еднаш слушна како се нарачувале и се пласирале во јавноста лажни анкети преку кои се манипулирале граѓаните.
Анкетите на Божиновски биле нарачани по принципот „ало Миле“ што е уште потврда дека анкетите на Институтот за демократија се лажни и единствено во функција на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ не може да функционира во фер и демократски услови, за нив е важен единствено партискиот интерес и одбрана на криминалот.
Граѓаните го поразија режимот. ВМРО ДПМНЕ и ваквото однесување се минато.
Македонија оди напред, се гради како нормална, слободна, демократска држава.
Членството во ЕУ и НАТО носат функционирање по европски правила. Затоа, граѓаните на референдумот на 30 септември ќе кажат да за членство во ЕУ и НАТО, да за македонската иднина.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација