Македонија
25. February 2021 - 11:38

СДСМ: Скандалозно е да блокираш одржување попис по 19 години

Скандалозно е свесно и намерно да блокираш попис кој треба да се спроведе по цели 19 години, како што тоа го прават ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Наместо конструктивност, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш се ставаат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.

Ги повикуваме сите граѓани, сите заедници, сите партии и секој заинтересиран за подобра иднина, сите да се вклучат во споделување на повикот за попишувачи објавен од Државниот завод за статистика.

Потребни се попишувачи кои ќе се пријават на јавен, отворен, транспарентен и државен повик.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да се откажат од блокадите, да го споделат јавниот повик и сите следни повици поврзани со пописот.

Мицкоски и ДПМНЕ да ги повикаат граѓаните да се попишат, наместо да собираат нелегитимни потписи за внатрепартиска употреба, наместо да коваат планови за бојкот за кои и самите знаат дека нема да им успеат.

Огласот е државен, секој има право да се пријави и секој може и треба да го промовира.

СДСМ