Македонија
19. April 2019 - 8:56

СДСМ: Сиљановска покажа незнаење и не понуди ништо освен одбрана на криминалци

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска е поддржана од осудени криминалци, како Игор Југ, правосилно осуден за терористичко загрозување на безбедноста и уставниот поредокот, како и Никола Груевски осуден криминалец во бегство.

Тоа е причината зошто Сиљановска не го осуди насилството од 27 април, затоа молчеше и не го осуди криминалниот режим на Никола Груевски.

Сиљановска покажа незнаење од клучните области за безбедноста и армијата, не понуди ништо пред граѓаните освен одбрана на криминалот на режимот.

Граѓаните силно ќе го поразат концептот на Мицкоски за враќање назад, чиј застапник е Сиљановска и нема да дозволат на чело на државата да дојде некој зад кого стојат насилници и криминалци.

На 21 април, во недела, масовно ќе го поддржат концептот предводен од Стево Пендаровски што води напред и обезбедува правда, сигурност и иднина за сите.