СДСМ: Силјановска е типичен пример за транзициски профитер и симбол за непотизам
Факт е дека Силјановска кога била министерка во првата политичка Влада од независноста, во деведесетите години, нејзиниот сопруг добил бизнис со фри-шоп.
Силјановска во интервју на Сител телевизија призна дека фри шопот постоел.
Силјановска воопшто не е „симбол на правото и правдата“ туку типичен пример на транзициски профитер и симбол за непотизам и злоупотреби.
Во тоа време Силјановска наидува на жестока критика токму од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
За ВМРО-ДПМНЕ таа преставувала узурпаторка на функцијата и транзициска профитерка, како што била опишувана во собранието во 1994 година.
Граѓаните нема да дозволат нечесни и неискрени личности, симбол за непотизам и злоупотреби, залутани во политиката да застанат на чело на државата.
На 5-ти мај граѓаните ќе упатат јасна порака, ќе одберат напредок, сигурна иднина, чесен и искрен човек, ќе го изберат Стево Пендаровски за претседател!
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење