СДСМ: Секој кој постапувал незаконски ќе одговора
СДСМ, во реакција на денешната изјава на Сашо Павловски од ВМРО-ДПМНЕ кој побара одговорност за случајот во кој полицаец од СВР Струмица пукаше во малолетници, порачува дека секој кој постапувал незаконски ќе одговора, а истовремено наведува дека „ВМРО-ДПМНЕ 11 години го злоупотребуваше МВР“.
- ВМРО-ДПМНЕ 11 години го партизираше Министерството за внатрешни работи, го претвори во МВРО-ВМРО, се обидуваше да сокрие убиства и ја злоупотребуваше полицијата во пресметките со неистомислениците. ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што повеќе нема МВРО-ВМРО, што повеќе нема сокривање и бегање од одговорност. Напротив, МВР денес работи професионално, отчетно и ефикасно и секој оној кој постапувал незаконски ќе понесе одговорност без разлика на неговата етничка, религиска, партиска или каква било друга припадност, што се докажа и со експресното расветлување на случајот во Струмица, се вели во соопштението.
Се додава дека Владата предводена од СДСМ започна процес на професионализација и ослободување на МВР и на останатите државни институции, со што тие стануваат вистински независен и професионален сервис на граѓаните.
Ново на Сител
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош