СДСМ: Секој да покаже посветеност во почитувањето на мерките, законските измени да се донесат без одлагање
Во период кога есенскиот бран на коронавирусот е во налет, како кај нас, така и во државите од регионот и Европа, а бројот на инфицирани секојдневно расте, потребна е целосна посветеност на секој поединец во спречување на ширењето на заразата.
Граѓаните мора доследно да ги почитуваат мерките и на тој начин да го заштитат сопственото но и јавното здравје. Најдобро, наједноставно и најефикасно оружје е носење заштитна маска, шал или марама, држење дистанца и редовна дезинфекција и миење на рацете.
За поголема заштита и за намалување на притисокот врз здравствениот систем, на предлог на Комисијата за заразни болести, Владата предводена од СДСМ усвои дополнителни мерки за заштита, кои предвидуваат носење маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и ограничување на семејните собири.
За стапување на овие мерки на сила, потребни се измени на Законот за заштита на населението од заразни болести.
Измените кои се во собраниска процедура мора да бидат донесени без одлагање затоа што се важни за заштита на јавното здравје и поголема заштита од коронавирусот.
Сите пратеници да покажат одговорност и да ги поддржат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.
Ситуацијата со коронавирусот е сериозна и нема време за одложување и чекање, потреба е брза реакција, конструктивност и соработка.
Ново на Сител
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228