СДСМ: Се враќаат долговите од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ
Факт е дека Владата предводена од СДСМ одговорно управува со јавните финансии, ја намалува фреквенцијата на задолжување и редовно ги сервисира наталожените долгови.
Со дел од средствата од вчерашните аукции се враќаат стари долгови направени од ВМРО- ДПМНЕ. Овие средства се обезбедени со пониски камати во однос на аукциите во минатото кога се движеле и до 4,60%.
Само во месец јуни по основ на претходни долгови, односно за претходно издадени државни хартии од вредност за исплата доспеваат речиси 30 милиони евра.
Лицемерна е ВМРО-ДПМНЕ.
После економскиот пустош што го направи, кога граѓаните и државата беа задолжувани и осиромашувани само за да се остваруваат нечии криминални интереси, ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за задолжувања.
Владата предводена од СДСМ продолжува со одговорно и домаќинско управување со јавните финансии.Со таквите политики, се отвораат можности за сериозен пад на јавниот долг за неколку години, откако ќе бидат исплатени старитезадолжувања оставени од ВМРО-ДПМНЕ, кои со каматите изнесуваат над 2 милијарди евра.
Ново на Сител
-
Продолжен притворот за напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Детска болница Козле доби вода
-
Инвазија на Кратери во Скопје
-
Кривична против 17-годишник од Скопје, во продажен објект со остар предмет одзел пари од вработените
-
Од 1 септември учениците ќе имаат учебници по странски јазици
-
МЗ: Хоспитализација на деца наместо во Козле, времено во Детската клиника и на Инфективната клиника
-
ЦУК: Изгаснати 28 пожари, активен еден пожар во општина Василево
-
Од утре многу топло време, следната седмица над 40 степени