Македонија
24. August 2015 - 16:35

СДСМ се плаши од пораз и затоа е против предлогот за бонус пратеници

СДСМ знае дека ќе ги изгуби наредните избори, и затоа не го профаќа предлогот за законски измени со кој победникот ќе добие бонус од 17 пратеници, сметаат експертите.

Политичкиот аналитичар Александар Пандов вели дека со одбивањето на овој предлог, СДСМ практично признава дека се подготвува за пораз на априлскиоте избори.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски коментира дека освен стабилна влада, воведувањето на мнозинскиот модел ќе доненесе и поголема локална репрезентативност на пратениците.

Според Димовски, предлогот на СДСМ за една изборна единица - води до елитизација на пратеничкиот состав кој ќе го бираат партиите а не граѓаните.

Предлогот за мнозински модел со 17 пратеници бонус за победникот, вчера го упати премиерот Груевски.

СДСМ експресно одби, што значи дека опозицијата се припремаат за втората позиција. Според експертите нивниот предлог за една изборна единица воопшто нема да им помогне ни на малите партии затоа што така ќе има изборен праг од 5%.