Македонија
21. December 2016 - 16:12

СДСМ се надева на победа во Теарце

Носителот на листата за пратеници на Коалицијата предводена од СДСМ во Шестата изборна единица Петре Шилегов денеска изјави дека граѓаните на Теарце треба да бидат оставени самостојно да одлучат на кого ќе го дадат својот глас.

- Граѓаните во Теарце, како и граѓаните во цела Македонија, одбираат европска Македонија. Тука во Теарце граѓаните заслужуваат да имаат и водовод и канализација како секаде во современиот свет од 21-от век. Токму затоа истакнуваме секој човек во Република Македонија е важен, рече Шилегов, осврнувајќи се на вчерашната одлука на Управниот суд да се прегласува во избирачкото место 2011 во Теарце.

Во врска со најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да учествува во прегласувањето, Шилегов рече дека во Македонија конечно мора да владее слободата и граѓанитеда бидат оставени самостојно да одлучуваат на кого ќе го дадат својот глас.

Околу можната промена на бројот на освоени мандати со прегласувањето, Шилегов рече дека за нив повеќе е симболична промената на мандатот во политичка смисла, отколку потребата за формирање на новата влада.