СДСМ: Се движиме кон силна економија, потврда растот на БДП од 3,7 отсто
По години уназадување и стагнација, економијата во последната година се движи во добар правец, нагоре.
Потврда за тоа дека се движиме кон силна економија е растот на бруто домашниот производ од 3.7 проценти во последниот квартал од 2018 година.
Континуираниот раст на БДП во 2018 година е доказ дека економските политики на Владата предводена од СДСМ се правилно поставени и даваат реални, видливи резултати.
Покрај БДП во 2018 забележан е рекорден износ на странски инвестиции во висина од 624,5 милиони евра, а растот на индустриското производство во 2018 е највисок во последните седум години.
Овие официјални податоци ја потврдуваат успешноста и заложбата на Владата предводена од СДСМ да обезбеди раст на економијата, повеќе инвестиции, отворање нови работни места, а со тоа и повеќе пари кај граѓаните.
Владата предводена од СДСМ продолжува со создавање и спроведување на економски политики што обезбедуваат економски раст и развој и повисок животен стандард за сите граѓани.
Центар за комуникации со јавност.
Социјалдемократски сојуз на Македонија
Ново на Сител
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј