Македонија
10. September 2015 - 17:01

СДСМ реагира на поставувањето ограда пред Владата

СДСМ денеска реагираше на поставувањето ограда од ковано железо пред Владата на Република Македонија.

Портпаролот Петре Шилегов изјави дека Владата се оградува поради тоа што се плаши од револтот на граѓаните и од одговорноста за, како што рече, криминалот и направените злоупотреби во изминатите девет ипол години.  

- Дури и во време на еднопартискиот систем, оваа зграда не само што не беше оградена, туку просторот пред неа беше еден од поубавите јавни простори, рече Шилегов, додавајќи дека доколку дојдат на власт ќе ја извадат оградата пред Владата.