Македонија
23. јуни 2021 - 12:29

СДСМ: Растот на просечната плата од 10 отсто е потврда за успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев во континуитет преземаат ефикасни економски мерки, кои резултираат со економски раст и развој.

Во овие четири години платите постојано растат во сите сектори.
 
Според официјалните податоци, просечната плата за месец април 2021 изнесува 28.438 денари. Тоа е раст од 10,1 отсто во однос на истиот месец 2020 година.
 
И во време на пандемија, светска економска и здравствена криза, платите не стагнираа, туку напротив, продолжија со растот.
 
Тоа е потврда за успешноста и навременоста на антикризните мерки и одговорните економски политики на Владата предводена од СДСМ.

Преку реални, остварилви проекти градиме стабилна, динамична економија и можности за забрзан економски раст.

Наша цел како владејачка партија е да го оствариме ветувањето дадено пред граѓаните, за минимална плата од 18.000 и просечна плата од 36.000 денари до крајот на овој мандат.
 
Тоа и ќе го реализираме. Во овие четири години покажавме дека за нас, зборот е збор и тоа ќе го потврдиме и во иднина.
 
Остануваме посветени на помош и поддршка на економијата, помош и поддршка на сите работници.