Македонија
8. March 2020 - 16:36

СДСМ промовира програма за родова застапеност

Конзервативните политики не и носат ништо добро на жената. Затоа градиме едно општество за сите, општество кое на жените ќе им го дава правото на живот, базиран на еднаквост и недискриминација.

Надополнувајќи се еден на друг на говорите, а во знак на почитување на родовата еднаквост, лидерот на СДСМ и потпретседателката на партијата ги презентираа следните планирани чекори, во насока на на исполнување на политика.

“Следува целосна еднаквост на жените и мажите, подвлече Заев, најавувајќи воведување на еднакви права, но и еднакви плати за исти работни позиции”

Стратегии за поддршка на женското претприемништво, мерки за обуки, но и намалување на работното време за повозрасните жени, се само некои од мерките кои се предвидени во програмата на СДСМ.

Во последниве три години приоритет ни беше борбата против насилството врз жените и насилството во домот, рече Шекеринска. За ова доказ е и ратификувањето на Иснабулската конвенција, по долги години одложување, дополни министерката.

“Донесовме нов закон за спречување на насилство врз жените целосно усогласен со истанбулската конвенција и отвроивме 16 центри за згрижување...“

8-мо мартовското излагање, во кое централна тема беше родовата еднаквост, Шекеринска го искористи да подлвлече дека во периодот на власт на СДСМ, Македонија го има најголемиот број жени во Парламентот, но и на функции во извршната власт.