СДСМ: Програмата и составот на новата Влада пред пратениците
Новиот состав на Владата и предлог Програмата за работа деновиве е пред пратениците.
Во фокусот се одговор на глобалната енергетска криза, заштита на здравјето, поголем економски раст и унапредување на животниот стандард на граѓаните.
Клучна цел на економската политика на Владата предводена од СДСМ е поголем и одржлив раст на економијата, пораст на БДП со удвојување на стапките на економски раст на среден рок и тоа од 2,5 %, на 5% просечен раст.
Тоа ќе се постигне преку зголемувањето на домашните и странските инвестиции, инвестиции во јавни и приватни проекти, како и зголемување на реализацијата на капиталните инвестиции.
Одржувањето на животниот стандард и куповната моќ на населението мора да се задржи и зголеми. За таа цел, една од првите мерки на новата Влада ќе биде поддршка на пензионерите, преку посебно зголемување на пензиите.
Растот на минималната плата ќе продолжи како и растот на просечната плата. Во првата половина на 2022 година ќе се заокружи економско-социјалниот дијалог за утврдување на новата методологија за пресметка и порастот на нивото на минималната плата.
Согласно Планот за забрзан економски раст, стапката на вработување се предвидува да се зголеми на 51,1% во 2024, а стапката на невработеност во 2024 да достигне 11,4 % односно 8,6 % до крајот на 2026 година.
Владата ќе спроведе стратегија која на краток, среден и долг рок ќе обезбеди сигурност со снабдувањето на енергенси и одржливост на енергетскиот систем, каде главен фокус ќе се стави на обновливите извори на енергија и ефикаснoто искористување на расположливите природни ресурси, како што се сонцето, ветерот и водата претставуваат основа на македонската енергетска револуција.
Владата во својата работа ќе се води од основните принципи на добро управување и тоа одговорност, ефикасност, отчетност и чесност и силно ќе се посвети на спроведување на Планот за борба против корупција.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски