Македонија
21. May 2017 - 16:28

СДСМ продолжува со преговорите за состав на новата Влада

Пред крајот на првата рудна преговори, само партијата на Ахмети е сигурен партнер на Заев во новата Влада. Ниту од БЕСА ниту пак од Алијансата немаат конечен став околу тоа дали ќе резервираат фотелји на Илинденска и дали ќе и дадат поддршка на новата Влада.

По вчерашната средба на работните група на СДСМ и БЕСА, генералните секретари на партиите со синхронизирани изјави. Договараме принципи, не делиме ресори

Од партијата на Села, со која СДСМ ќе се сретне најверојатно утре, уште минатата недела излегоа со став дека учеството во Владата не им е приоритет

Ниту БЕСА ниту Алијансата не му се неопходни на Заев за да ја формира новата Влада, но лидерот на СДСМ рече дека целта е да се формира што е можно пошироко мнозинство за да може Владата да биде постабилна.
Од СДСМ очекуваат, новиот Владин состав да се најде пред пратениците до крајот на наредната недела иако уставниот рок од 20 дена истекува на 6 јуни