Македонија
14. January 2017 - 16:05

СДСМ преку свои аналитичари и се нуди на ДУИ прифаќајќи ги понудите до запирка

СДСМ преку своите аналитичари отворено ги прифаќа понудите на ДУИ за влез во новата влада. Последен во низата е Сашо Орадновски еден од главните поддржувачи на опозицијата, според кој нема ништо спорно Заев да ја прифати платформата на албанските партии.

Тонско

Ордановски не е првиот аналитичар под капата на СДСМ со ваков став. Со слични позиции излегоа и Бранко Геровски и Бранко Тричковски со твдење дека барањата на албанските партии за официјализирање на албански јазик на целата територија и редефинирање на националните симболи на Македонија биле премногу меки и несуштински.

За разлика од ваквците искоординирани позиции, косовскиот новинар и сопственик на најчитаниот албански медиум во регионот Берат Бужала, во својата последна колумна јасно ја анализира политичката состојба во Македонија. Тој отворено пишува дека Ахмети не треба да потпаѓа под влијанија на други фактори бидејќи ако не направи коалиција со Груевски, исчезнувањето на ДУИ  е неизбежно.

-Кога се веќе поминати неколку недели од денот на изборите, сè уште нема политичка јасност. Тоа што е очигледно е тенденцијата за непочитување на гласот на Македонците и оној на Албанците што гласаа за ВМРО и ДУИ. Се обидуваат да направат еден пуч против партијата која очигледно беше најгласана од Македонците, односно против ВМРО и нејзиниот шеф, Никола Груевски. Формирањето на коалиција помеѓу ДУИ и СДСМ , ќе ја доведеше  државата на непознати простории дотогаш. Ова ќе беше прв пат на таков неискрен начин да се згази волјјата на мнозинството од Македонците. СДСМ, покрај сите обиди, покрај сите шеми, не успеа  да биде на еднакво ниво со историскиот противник. Им зедоа илјадници гласови на Албанците, но не успееја. Така да оваа шема треба да се затвори со тоа. Напишаните планови на лист не треба по секоја цена да се реализираат, пишува Бузала и заклучува дека албанците во Македонија денес имаат многу поголеми права од пред една деценија.

Јас не знам дали е повеќе антиалбанска партија ВМРО или СДСМ, но знам дека овие последни 10 години Македонија беше наш сојузник на меѓународната сцена. Сакам да додадам уште нешто: Секогаш која ја поминувам границата во Хани Елезит, на македонската страна граничните полицајци ми зборуваат на албански. Ова го немаше порано.

Знам и друго нешто: Во државната администрација на ова држава се вработени околу 30.000 албанци. За крај: Овој договор меѓу ДУИ и ВМРО е политички договор, не е доживотен. Во секој момент штом не се исполнуваат условите од договорот, тој може да се прекине. Во договорот треба да се вклучат партиите кои добија мнозиство гласови од двете етнички популации во Македонија.

Другиот дел потоа е пропаганда, невладина организација, непотребен морал, пишува Бузала во својата последна колумна.

И одговорниот уредник на Телевизија Сител Драган Павловиќ Латас во својата колумна анализира дека ВМРО-ДПМНЕ е еднакво доминантна и силна партија и на власт и во опозиција. Евентуеалното коалицирање помеѓу СДСМ и ДУИ на штета на македонските национални интереси би предивикал гнев меѓу македониците кој ќе резултира со огромна поддршка за Груевски на следните избори.

Затоа, прва опција е коалиција на ДУИ со ВМРО, втора вонредни избори заедно со локалните кои би биле одложени за некој период, а дури трета опција за Ахмети е самоуништувачката варијанта – коалиција на СДСМ со ДУИ. Се што бара ДУИ и ветува Ахмети е уставна категорија со потребни две третини мнозинство во парламентот, а тоа зависи од Груевски и ВМРО. СДСМ не може ништо, ама баш ништо да даде од она што Ахмети го бара. Тогаш, и нема многу дилеми околу одлуката што следи наскоро.Што и да биде, ќе биде вонредно, заклучува Латас во својата колумна.

И додека СДСМ за цело време молчи, ВМРО-ДПМНЕ излезе со јасен став дека независно од исходот на преговорите за формирање на новата влада, партијата цврсто стои на заложбите за унитарна држава и заштита на Уставниот поредок на Македонија.