Македонија
3. July 2022 - 8:51

СДСМ: Потонаа во вода сите измислици и лаги за наводна бугаризација и асимилација

Предлогот на француското претседателство е јавно објавен и граѓаните јасно можат да видат се.

 

Она што е клучно е тоа што се вградени нашите ставови и забелешки, имаме чист македонски јазик во ЕУ, македонскиот идентитет е заштитен целосно, историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.

 

Потонаа во вода и сите измислици и лаги за наводна бугаризација и асимилација. 

 

Во меѓувреме, започнат е широк процес на консултации за овој предлог, како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја.

 

Кога се во прашање теми од врвен национален и државен интерес, како што е евроинтеграцискиот пат на државата, иднината на граѓаните и заштитата на македонскиот идентитет, потребна е одговорност, зрелост и државнички капацитет.

 

И тоа го гледаат сите, освен Христијан Мицкоски кој сака отворениот процес на широки консултации да го попречи на самиот почеток, преку протести.

 

Вчера, Мицкоски отворено пред целата јавност призна дека е против интеграција во Европската унија.

 

Со таквото негово признание Мицкоски потврди дека никогаш не бил за членство на државата во ЕУ, дека свесно и намерно ги правел сите блокади и опструкции кои ја оддалечуваа државата од интеграција во ЕУ. 

 

Со месеци Мицкоски бараше предлозите да се консултираат со него и опозицијата, а сега кога ја има можноста тој од тоа бега.

 

Заедничкото делување со проруската инсталација Левица покажува дека ова е делување на анти НАТО и ани ЕУ коалиција.

 

Ништо ново не се деструкциите, блокадите, обидите за нови поделби од страна на ВМРО-ДПМНЕ, но тие секогаш биле препознавани и поразувани од граѓаните и така ќе биде и сега.

СДСМ