СДСМ: Пописот е патриотски чин, секој граѓанин да даде придонес во развојот на својата татковина
Најсложената статистичка операција – пописот на населението и домаќинствата во државата ќе се спроведе по речиси две децении, согласно сите стандарди на Евростат и Обединетите нации и со почитување на протоколите за заштита на здравјето на граѓаните.
Институциитеќе дејствуваат согласно препораките на стручните лица од Комисијата за заразни болести.
Пописот, што ќе се одржува наредниот месец, е патриотски чин.
Со учество во пописот секој граѓанин дава придонес во развојот на својата татковина, на своето населено место.
Од друга страна, повикот на бојкот е неодговорно однесување и ја води државата во ситуација кога развојот не може да се планира на факти, туку на претпоставки.
Пописот на населението е од клучно значење за развојот на државата, за граѓаните, а по него ќе може да се креираат мерки и политики кои одговараат на вистинските потреби на граѓаните – економски, здравствени, образовни, социјални, културни, со што ќе се унапредат и нивните права и придобивки.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски