Македонија
22. January 2021 - 9:21

СДСМ: Попис ќе има оваа пролет, пропаднаа обидите на ВМРО-ДПМНЕ за блокирање на оваа статистичка операција

Усвојувањето на Законот за попис на населението од страна на мнозинството во Собранието предводено од СДСМ го отвори патот за одржување на оваа најобемна статистичка операција во државата по цели 19 години.

Државата, институциите, пред се Државниот завод за статистика, се подготвени и имаат капацитет да спроведат и ќе спроведат попис оваа пролет, согласно сите меѓународни стандарди и согласно прописите на Евростат.

Граѓаните треба да бидат спокојни и да им веруваат на институциите, бидејќи пробниот попис веќе беше поздравен од Европската комисија.

Пописот ќе даде целосни, квалитетни и релевантни податоци кои се важни за натамошно креирање и реализирање на долгорочни политики и стратегии за развој на државата.

Одново се поразени деструкциите на антидржавното ВМРО-ДПМНЕ предводено од докажаниот губитник Христијан Мицкоски.

Не успеаја нивните обиди да се блокира носењето на овој важен закон, не успеаја обидите државата да остане без оваа важна статистичка операција, попис оваа пролет ќе има.

Партизирањето на пописот е штетно и целосно непотребно, бидејќи тоа е статистичка операција, неопходна за да се планира развојот на државата.

 

Центар за комуникации со јавност на СДСМ