Македонија
19. March 2019 - 14:27

СДСМ: Помина времето на нечесни политичари, Иванов да го прекине молкот за становите на неговиот син

Ѓорге Иванов со денови молчи и се крие од јавноста. Тоа е однесување на нечесни политичари чие што време помина.

Иванов да го прекине молкот за информациите дека неговиот син купил два стана од над 200 квадратни метри на атрактивна локација на Водно и да им одговори на граѓаните.

Со кои пари неговиот невработен син ги купил становите на Водно?

Ако становите му ги купиле неговите родители, тогаш зошто не се пријавени во анкетниот лист?

Особено што се појавија информации кои говорат дека во истата зграда на Водно, два лукзусни стана купил и шурата на Иванов.
Во една иста зграда на атрактивна локација дури четири станови припаѓаат на членовите на семејството на Иванов.

Иванов е пример како не треба да се однесува политичар кој е избран и треба да им служи на граѓаните.

Дел од истата нечесна структура е и Гордана Силјановска – гордата застапничка на деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, на Никола Груевски и Христијан Мицкоски.

Силјановска и Иванов бранат насилници и криминал и двајцата работат против интересите на граѓаните и државата.

Граѓаните нема да дозволат нов Иванов во ликот на Силјановска кој ќе работи нечесно и спротивно на државните интереси