Македонија
25. August 2016 - 11:06

СДСМ: Петтиот член на ад-хок телото мора да биде експерт

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од ад хок телото за следење на медиумите за избори побара да го изберат петтиот член за да може тоа да почне да функционира.

Од партијата, како што посочуваат во денешното соопштение, не отстапуваат од ставот дека петтиот член мора да биде експерт од медиумската сфера, признат и почитуван во новинарската професија како гаранција дека независно и слободоумно ќе постапува согласно законските ингиренции на ова тело.

Во СДСМ сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ не сака слободни медиуми, објективно информирани граѓани и избори на кои граѓаните слободно ќе го дадат тој глас. Според партијата, опстукциите што ги правела ВМРО-ДПМНЕ се доказ дека се плашат од фер и демократски избори.

- Формирањето на ад хок Комисијата за следење на медиумското претставување, само ја потврди партизираноста и нестручноста на Агенцијата за АВМУ. После губењето на последниот бастион, Агенцијата за контрола на медиумите, на Груевски не му останува ништо друго освен да го спречи целосното екипирање на ад хок комисијата и да  продолжи да го одолговлекува имплементирањето на Пржинскиот договор, се вели во соопштението од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека до крајот на оваа година ќе има фер и демократски избори по кои, како што велат, ќе почнат промените во Македонија и ВМРО-ДПМНЕ не може да го спречи тоа.