Македонија
7. March 2016 - 16:26

СДСМ: Пациентите сами купуваат лекови и на онкологија

СДСМ денеска обвини дека состојбите на Клиниката за онкологија се лоши и оти пациентите не успеваат поради процедури да ги дочекаат закажаните дијагностички прегледи, а купуваат и скапи лекови. 

- Откако ќе се оперираат, на Клиниката за онкологија ги чека нов стрес. Цитостатикот што треба да го примаат најчесто не е на позитивна листа. Мораат сами, од свој џеб да го купат, иако цел живот уплаќаат редовно задолжително здравствено осигурување, изјави Дејан Гацов, член на партиската Комисија за здравство.

Според него, цитостатикот во Македонија чини 200 евра, а истиот во Бугарија се купува за 30 евра. 

Гацов посочи дека во програмата имаат конкретни мерки за квалитетно јавно здравство и здравствени услуги.