Македонија
18. October 2020 - 15:46

СДСМ одбива лидерска средба

Не гледаме потреба од лидерска средба, особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање, изјави денеска портпаролката на СДСМ во одговор на новинарско прашање.

„Македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност се меѓународно потврдени и признаени од целиот свет. Со нашиот сосед, Бугарија, имаме Договор за соработка и добрососедство, кој патем е потпишан и на македонски јазик. Очекуваме во духот на овој Договор, да продолжиме заеднички да ги градиме односите. За темите кои произлегуваат од Договорот изразуваме волја да ги решаваме преку работата на комисиите кои имаат надлежност за тоа", изјави портпаролката Кузеска.

„Мицкоски не е за договор на било која тема, тој бара начин само како наштети на државата, особено на процесите кои не водат кон ЕУ", кажа Кузеска.