Македонија
24. August 2017 - 16:26

СДСМ: Очекуваме победа на локалните избори

Потпретседателот на СДСМ Благој Бочварски денеска изјави дека на претстојните локални избори закажани за октомври очекува СДСМ да победи во сите градови и сите општини. 

- Победа на нашата партија на локалните избори ќе значи потврда за добрите политики и за демократизацијата на институциите во Република Македонија. Победа за нашата партија ќе значи демократизација и ослободување и на општините во Република Македонија којшто се узурпирани во изминатиов период од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Веруваме во победа во сите градови и во сите општини во Република Македонија, ќе одиме на победа и тоа е единственото нешто за кое размислуваме и работиме како партија во овој период, истакна Бочварски.

Одговарајќи на новинарски прашања, Бочварски рече дека на Централниот одбор на партијата одржан пред два дена избран е шеф на Централниот изборен штаб којшто веќе работи на подготовките за локалните избори.

- Веќе објавивме четири кандидати за во четири општини. За останатите општини се прават дополнителни и последни анализи и согласно динамиката на партијата која што ја имаме зацртано, во наредниот период ќе излегуваме со кандидати за градоначалници во сите општини во Република Македонија, посочи Бочварски.