Македонија
13. October 2018 - 17:17

СДСМ очекува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени, опозицијата пишува програма за предвремени избори

Два дена пред почетокот на собраниската процедура за уставни измени власта и опозицијата не ги менуваат ставовите.

СДСМ и денеска ги повика колегите од ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат амандманите и да ја обезбедат евро-атлантската иднина на земјата. Апелираат до пратениците од опозицијата да пријават доколку имаат било какви закани и притиоци и да добијат соодветна заштита.

ВМРО-ДПМНЕ пак веќе ја подготвува програмата со која со која ќе ја бара довербата на граѓаните при евентуалното распишување на предвремени избори. За опозицијата договорот со Грција е отфрлен од граѓаните, а пратеничката група е единствена во ставот дека нема да ги поддржи уставните измени.

Откако вчера собраниската комисја за уставни прашања ги поддржа предложеите амандмани, постапката за промена на Уставот во понеделник се сели на пленарна седница.