СДСМ обвини дека образованието е во лоша состојба
СДСМ денеска оцени дека образованието е во лоша состојба и оти во изминатиот период се спроведени погрешни проекти во овој сектор.
Претседателот на партиската Комисија за образование Петар Атанасов, честитајќи им го почетокот на учебната година на сите ученици, најави дека ќе го укинат и екстерното тестирање.
- Наместо преобемните програми, лошите учебници и голата фактографија и тестирања, прв приоритет ќе ни бидат децата и нивната задолжителна програма, преку намалување на наставните содржини и предмети, подигнување на степенот на употребливост на знаењето, професионалното насочување и работа со децата и поттикнување на вработувањата на завршените ученици од средните стручни училишта, рече Атанасов.
Тој додаде дека ќе ги мотивираат и наградат наставниците, ќе проектираат 10 годишен развоен образовен циклус и ќе дизајнираат нов Институт за развој на образованието.
Ново на Сител
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН
-
9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот
-
Пратенички прашања: Од резолуцијата во ОН, преку Коцевски, до кој какво млеко пие
-
Уште 8 амбасадори се пакуваат за дома
-
Заменик градоначалникот на Скопје си поднесе оставка - Арсовска тврди дека таа го разрешила
-
Македонија сака да увезува отпад од ЕУ - Пратениците расправаат за последиците од аерозагадувањето