Македонија
29. October 2017 - 20:25

СДСМ објави водство во Кисела Вода

Партиските првични неофицијални податоци од СДСМ покажуваат водство на владеачката партија во Кисела вода, каде кандидатот на таа партија има 2500 гласови повеќе од ривалот од ВМРО ДПМНЕ.

Според неофицијални податоци на партијата, кандидатот на СДСМ Бочварски води во Штип со 800 гласови на 48% преброени гласови. СДСМ прогласи победа во Могила, а во предност според партиски извештаи се и во Македонски број. Неофицијално СДСМ според нивни податоци имаат водство и во Јегуновце и Новаци.