СДСМ: Новото ЈО ќе ги продолжи сите случаи пред судовите за кои е надлежно СЈО
ВМРО -ДПМНЕ е очајна, со лажни вести ги маскира вистинските нејзини цели, заштитата на криминалите на единствената глава на октоподот-Груевски
Една е главата на криминалниот октопод , а таа се наоѓа во Будимешта и се вика Никола Груевски.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште се само пипците со кои раководи главата од странство.
Освен ширење невистини и одбрана на криминал, ништо друго не излегува од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.
Измислиците и невистините на ВМРО-ДПМНЕ за некакви возила купени од семејството Заев се показател за очајната состојба во која се наоѓа оваа партија.
СДСМ докажа дека за нас криминалот не познава партиски и бескомпромисно сме за борба против криминалот и корупцијата.
Мицкоски не успеа. Побегна од лидерска средба но нема бегање од правдата.
Идната недела до Собранието на Република Северна Македонија Владата ќе предложи нов текст на Законот за Јавно Обвинителство.
Сите случаи кои се пред судовите, за кои СЈО е надлежно согласно закон, ќе ги продолжи и ќе ги застапува пред надлежните судови новото ЈО.
Нема одбрана на криминалот на Никола Груевски и режимот.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност