СДСМ: Нов дебакл на Мицкоски, само 20 пратеници ја поддржаа интерпелацијата што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе за Спасовски
Христијан Мицкоски доживеа нов дебакл во Собранието, само 20 пратеници ја поддржаа интерепелацијата што по негов налог ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ.
Се појасно е дека Христијан Мицкоски нема поддршка ниту во сопствената пратеничка група, на она што остана од ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително тоа е уште една потврда дека интерпелацијата за министерот Оливер Спасовски беше неоснована.
Собранието на Репубила Северна Македонија изгуби уште еден ден поради Христијан Мицкоски, наместо сите пратеници да се посветат на реформските закони, на законските решенија кои носат придобивки за граѓаните и државата.
Јасна е разликата, од една страна е СДСМ и мнозинството кои работат на спроведување на реформите, на напредокот, на подобрување на животот на граѓаните а од друга страна се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои немаат идеја, план, ниту визија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација