СДСМ: Ништо не ги колеба ВМРО-ДПМНЕ да шират лажни вести, нема илегална вакцинација, нема ниту шверц на лекови
Тоа што ВМРО- ДПМНЕ гради имиџ со ширење лаги и монтирање видеа говори за тоа на кое политичко дереџе се дојдени.
За ДПМНЕ не значи ништо ако амбасадор на странска држава им испрати нота дека лажат, тоа им стана секојдневие. На Мицкоски единствена политичка стратегија освен да нема став за ништо, исто му е тој и неговата партија да манипулираат и да шират лаги.
Вакцинирањето не е пиење Ц витамин, да се одвива скришум и само за одбрано друштво. Со министерството за здравство сега раководи д-р Венко Филипче, во негов мандат не постои илегална вакцинација, не постои шверц на вакцини и лекови, тоа можеби портпаролот дојденец од Демократска Алтернатива мисли на владеењето на ДПМНЕ.
Од почетокот на пандемијата ВМРО-ДПМНЕ освен политичко профитерство на сметка на здравјето на граѓаните, не направиле ништо друго. Да ги прашате зошто не влегуваат во Собрание да се изгласа Законот за лекови нема да знаат што да ви одговорат.
Владата предводена од СДСМ, министерот за здравство д-р Венко Филипче успешно ја менаџираат оваа здравствена криза така велат од СЗО, УНИЦЕФ, амбасадори на странски земји во државата.
СДСМ нема да се спушти на нивото на фејкњуз ВМРО-ДПМНЕ, нема да праша дали можеби Христијан Мицкоски и Александар Николоски се вакцинирале против корона додека беа на пат во неколку европски земји.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка