СДСМ: Николовски призна дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува да остане опозиција и во следните 4 години
Со ставовите за функционирањето на преодната влада, Александар Николовски призна дека неговата партија се подготвува да остане во опозиција и во следните четири години.
Извршителот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го бранеа криминалот и се обидуваа да го блокираат напредокот и затоа остануваат во опозиција.
Единствена функција и единствен мандат на сите членови во преодната влада е да обезбедат почитување на законите и организирање фер, слободни и демократски избори. Нивен мандат не е да ја злоупотребуваат функцијата за лични и партиски цели како што тоа го правеше Рашела Мизрахи, ниту да покажуваат што значи враќање на режимот, како што тоа го правеше Цветан Трипуновски.
Со таквото однесување на нивните кадри, ВМРО-ДПМНЕ останува во опозиција и по 12 април и за тоа се свесни и во белиот дворец.
Граѓаните на 12 април уште еднаш ќе потврдат дека сме на прав пат и ќе порачаат режим никогаш повеќе.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани