Македонија
22. February 2021 - 14:54

СДСМ: Николовски и Мицкоски ги признаа сите криминални злодела на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Груевски и Мијалков

Христијан Мицкоски и Александар Николовски ги признаа сите криминални злодела на ВМРО-ДПМНЕ во минатото, меѓу кои и за случајот „Таргет – Тврдина“.

Мицкоски и Николовски, признаваат се, вклучително и тоа дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од нивните ментори Никола Груевски и Сашо Мијалков нелегално прислушувале и уништувале животи и кариери на неистомисленици.

Од друга страна и Николовски и Мицкоски, процесите во судовите ги нарекуваат политички, а обвинетите жртви на политички прогон.

Бидејќи Мицкоски и Николовски ги признаа сите злодела, треба јавно да се извинат на граѓаните и да ги повикаат сите од белиот дворец, сегашни и минати функционери, на соочување со одговорност пред судовите.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ