СДСМ: Нема ново нето задолжување, ги расчистуваме долговите наследени од ВМРО-ДПМНЕ
Нема крај на лагите од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која ја задолжи државата и ја донесе до економски крах, не може да се помири со фактот што економијата денес е на прав пат.
Не е точно дека има ново задолжување како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ.
Како што јавно соопшти Министерството за финансии, со денешната аукција ќе се покрија стари долгови од претходно издадени државни хартии од вредност, кои доспеваат за исплата на 16ти и 19ти октомври.
Нема ново нето задолжување, туку станува збор за презапишување на претходно издадени државни обврзници, од кои најголем дел се издадени пред 5 години.
Неколкупати во низа се намалени и каматните стапки и моментално тие се на историско најниско ниво, нешто што во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ не можеше да се очекува.
Дека СДСМ се грижи за граѓаните докажува и податокот за висината на јавниот долг. Кога ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година ја презема власта, јавниот долг изнесуваше 45,7% од БДП, додека истиот на 31.12.2016 година беше 48,8% од БДП.
Јавниот долг денес бележи значително намалување и заклучно 30.06.2019 година изнесува 46,7% од БДП.
Граѓаните со свои очи ја гледаат вистината. Во Република Северна Македонија се градат патишта како никогаш досега.
За само 2 години изградени се 500 километри патишта во вкупна вредност од 540 милиони евра.
Над 80 магистрални и регионални патишта се обновени, а во изградба се уште дополнителни 350 километри пат односно околу 40 регионални патишта.
Лагите на ВМРО-ДПМНЕ веќе одамна не минуваат граѓаните секојдневно ја гледаат разликата меѓу одговорното и отчетно работење на СДСМ и криминалното и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани