СДСМ: Недела ден за неделен одмор, посветени сме на унапредување на работничките права
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев ги исполнува ветувањата дадени пред граѓаните, ги спроведува мерките и политиките што носат подобри услови за работа на работниците, придобивки за граѓаните, за економијата, за државата.
Владата го усвои Предлог-законот за работни односи со чии измени недела ќе биде ден за неделен одмор од први октомври 2021 година.
Измените на овој закон кои се изработени по пат на социјален дијалог, предвидуваат недела да биде ден за неделен одмор за сите работници, освен за дел од работниците во дејностите каде работниот процес не може да биде прекинат.
Но, овие работници кои ќе работат во недела ќе добиваат дневница повисока за најмалку 50% од редовната дневница, а исто така ќе добијат и слободен ден што можат да го искористат во наредните седум дена.
Резултатите од спроведените анализи говорат дека, со овие измени, недела ќе биде ден за одмор за над 92% од работниците во земјава.
Паралелно, со измените на Законот за трговија за вработените во трговија предвидена е двојна дневница и слободен ден, бидејќи станува збор за дејност која не може да се прекине.
Имплементацијата на Законот ќе биде под целосна контрола на Државниот инспекторат за труд, а оние кои нема да го почитуваат ќе добијат забрана за работа од 15 дена и прекршочен платен налог.
Како одговорна, социјалдемократска партија целосно сме посветени на унапредување на работничките права и условите за работа на работниците.
Центар за комуникации со јавноста СДСМ
Ново на Сител
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани