Македонија
18. February 2020 - 12:06

СДСМ не стравува дека Законот за ЈО би можел да падне на Уставен

 
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски рече дека партијата не стравува оти Законот за Јавно обвинителство би можел да падне на Уставен суд.
 
Ова доаѓа откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе претставки за начинот на кои беа донесени Законот за ЈО и за Совет на јавни обвинители.
 
Според Митревски, постапката е кристално чиста. Го повика ВМРО-ДПМНЕ да поднесе претставки за да се види дека нема ништо спорно во постапката.
 
 
Даниел Василев